сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Немавме среќа, покажавме карактер

Петровиќ: Немавме среќа, покажавме карактер

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром Александар Петровиќ по средбата му честита на противникот, но и на своите момци за покажаниот карактер.

„Во третиот период се вративме по негатива со 15 поени, дојдовме на еден посед од победа, но немавме среќа во финишот. Причина за поразот гледам во скокот, имавме 15 скока помалку од ФМП, поради што ќе мора да поработиме на тој сегмент од играта. Честитки и за моите момцина покажаниот карактер“, изјави Петровиќ.

Аеродромци сега се на скор 1-6, а прва следна шанса за втора победа во регионалното натпреварување ќе ја имаат на 27 ноември на домашен терен против Мега баскет.