петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Oваa е голема победа против одличен тим!

Петровиќ: Oваa е голема победа против одличен тим!

Tренерот на МЗТ Скопје Аеродром Александар Петровиќ по натпреварот со Студентски и првата победа во АБА лигата ги пофали своите кошаркари.

„Победивме одличен тим, кој одлично трча во транзиција. Момците го испочитуваа договореното и дојдоа до голема победа. Продолжуваме со тешкиот распоред со оглед што за една недела играме во Љубљана против Цедевита Олимпија. Бевме во грч со екипата на Гостивар, бидејќи играчите после натпреварот во Подгорица беа со мислите кон Студенски центар. Сега ќе ни биде полесно. Добро ги анализиравме, им ја затворивме пас играта, напаѓавме одлично. Пофалби за сите играчи, а посебно за Кафи, кој одигра феноменална партија“, рече Петровиќ.

Следната сабота, во рамките на петтото коло, кошаркарите на МЗТ Скопеј гостуваат кај Цедевита Олимпија.