петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ по поразот од Партизан: МЗТ има квалитет да избори опстанок во АБА лигата

Петровиќ по поразот од Партизан: МЗТ има квалитет да избори опстанок во АБА лигата

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Александар Петровиќ посочи дека противникот бил и тоа како силен, но неговиот тим и покрај тоа рамноправно се носел во три четвртини, што не е за потценување.

„Мечот го почнавме во грч, тоа се виде со деветте постигнати поени. Не одигравме толку слабо тој период затоа што имавме шест отворени шутеви за три поени и ако ги погодевме резултатот ќе беше сосема друг. Подоцна притиснавме малку повеќе во одраната, Партизан шутерски денес беше одличен, погодуваа од далечина. Не можам да бидам незадоволен од тоа како одиграа моите играчи. Се погоди да имаме тежок распоред во првите две кола да играме со евролигашки екпи, верувам дека ќе биде подобро во следните натпревари“, изјави Петровиќ.
Стратегот на МЗТ верува дека неговиот тим може да се избори за опстанок во АБА-лигата.
„Како и во Белград и денес имавме 17 асистенции, а тоа значи дека тимската игра функционира. Во секој натпревар одиме на победа и следниот натпревар со Стуиденски Центар е многу важен, јас сум оптимист, пред се поради нашата форма која оди во нагорна линија. Рано е да се зборува, но мислам дека МЗТ има квалитет да обезбеди опстанок во ова друштво“, истакна Петровиќ.