По средбата со Морнар, на прес-конференцијата зборуваше тренерот Александар Петровиќ кој ги изнесе своите импресии.
„Честитки до Морнар за победата. Јас го гледам поразот во скок играта, имаа доста, дури 12 офанзивни и потоа реализираа отворени шутеви. Во третиот период не реализиравме контра напади, направивме грешки и фрлавме во аут. Нè фати некаква непотребна паника, а ривалот знаеше што сака во нападот. Расел и Михаиловиќ ја држеа топката и кога требаше погодуваа и делеа асистенции. Скокот ни беше катастрофален, па сметам дека тука ја загубивме средбата. Штета, добро отворивме, ама не успеавме. Падот на енергијата беше клучен, тие едноставно повеќе ја посакуваа победата. Ова е тешка лига, можеби нас ни недостигаат неколку играчи, ама имавме и кадровски проблеми. Како и да е, МЗТ ќе се бори во продолжението од сезоната за подобри резултати“, изјави Петровиќ.
Следи репрезентативна пауза, а потоа во седмото коло МЗТ Скопје гостува кај ФМП во јадранското друштво.