На средбата со новинарите своето мислење го изнесе тренерот Александар Петровиќ, кој беше незадоволен од резултатот.
„Честитки до екипата на Сплит за битката до крајот, заслужено нè победија. До третиот период исполнивме сè што имавме договорено. Потоа во четвртата четвртина, не бевме активни во нападот, премногу ја држевме топката и не напаѓавме со пас игра или дриблинг. На крајот, две грешки во одбрана доведоа до две тројки. За нас ова е тежок пораз, има уште доста да се игра, ама штета е вака да се губи натпревар во кој имаш контрола. Сметам дека имавме големи шансии да победиме, ама тоа не се случи“, кажа Петровиќ.
На МЗТ Скопје до крајот на годината во АБА му следи уште една средба, на гостински терен против Цибона на 30 декември.