четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Со ваква игра не се опстанува во една од најсилните лиги во Европа

Петровиќ: Со ваква игра не се опстанува во една од најсилните лиги во Европа

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион, Александар Петровиќ, по поразот од Борац потенцираше дека со ваква игра и ваков ростер тешко може да се опстане во една од најсилните лиги во Европа.

„Од почетокот бркавме резултат, се чувствуваше дека ни фали еден плејмејкер. Не можам да им забележам на играчите на залагањето, а проблемите кои ги имавме неделава (неочекуваното заминување на Ајви-н.з.) не се алиби. Има уште многу да се игра, но секој натпревар за нас е важен. Не смееме да си дозволуваме да губиме на домашен терен, но факт е дека бевме разнишани од целата ситуација во клубот. Одиме понатаму, ќе работиме, веројатно в понеделник ќе добиеме нов плејмејкер. Потребни ни се засилувања, тоа не е спорно. Ова е една од најсилните лиги во Европа, ако остане вака ќе ни биде тешко. Пред нас се натпревари со Задар, Сплит и Цибона, некаде мора да се вадиме. Жал ми е за публиката. Лошо шутиравме, како да бевме во грч, Борац нѐ натскока, примивме шутеви преку рака. Го загубивме натпреварот во првиот дел, иако се вративме на два разлика, не успеавме да го свртиме резултатот“, изјави Петровиќ.