среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Петровиќ: Во првиот дел одбраната ни беше шуплива како „сирење“

Петровиќ: Во првиот дел одбраната ни беше шуплива како „сирење“

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Александар Петровиќ на средбата со новинарите го анализираше настапот на неговиот тим на мечот о Игокеа.

„Честитки до екипата на Игокеа за победата, ова беше интересен натпревар. Дојдовме до ситуација да поведеме на две минути пред крајот, меѓутоа Харис Делалиќ погоди две тројки и ја донесе победата за Игокеа. Можам да сум задоволен од второто полувреме, бидејќи во првото не го одигравме договореното, обраната ни беше шуплива како „сирење“. Во продолжението ја променивме одбраната, конечно натскокавме една екипа, и тоа тим како Игокеа. Имавме шанса која ја испуштивме, па се насочуваме кон следното коло и мечот со Борац“, изјави Петровиќ.

МЗТ Скопје се наоѓа на 12. позиција во АБА лигата, а во наредната рунда ги очекува битка со Борац кој е еден чекор поназад.