петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

По Леброн уште една ѕвезда потпиша за Лејкерс

По Леброн уште една ѕвезда потпиша за Лејкерс

Плејмејкерот Раџон Рондо е нов играч на Лос Анџелес Лејкерс, објавија американските медиуми.

Искусниот кошаркар се обврза на едногодишна соработка со „езерџиите“ кои ден претходно во своите редови го донесоа и Леброн Џејмс.

Досегашниот играч на Њу Орлеанс ја прифатил понудата од ЛА вредна девет милиони долари.

32-годишнито Рондо минатата сезона имаше просек од 8,3 поени, 8,2 асистенции и 4 скока по натпревар.

Рондо во својата НБА кариера има играно и за Далас, Чикаго, Сакраменто и Бостон со кого пред 10 година стигна до шампионскиот прстен.

МИА