Кошаркарскиот клуб Бадел 1862 соопштува дека починал нивниот долгогодишен претседател Борче Филчев (71).
-Со неизмерна тага и огромна празнина во душата, соопштуваме дека ненадејно не напушти Борче Филчев (71), нашиот долгогодишен претседател, предобар човек и вљубеник во кошарката кој остави неизбришливи траги во нашиот клуб. Нека ти е лесен патот до вечноста, пријателу наш…. соопшти клубот.
Од клубот додадоа дека оваа сезона и сите наредни му ги посветуваат него и на неговата визија за кошарката.