петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Почина познатиот руски кошаркар Сергеј Бабков

Почина познатиот руски кошаркар Сергеј Бабков

На 56-годишна возраст ненадејно почина познатиот руски кошаркар Сергеј Бабков, пренесува рускиот Спорт Ескпрес.

Бабков со руската репрезентација два пати го освои сребрениот медал, на Светското првенство во 1994 година во Канада и во 1998 година во Грција.

Бабков во 1998 година во Атина играше против репрезентацијата на Југославија, која тогаш беше предводена од Жељко Обрадовиќ и го освои светскиот шампионат.

Бабков на тој меч во финалето одигра 18 минути и постигна 4 поени со два скока и една асистенција.