понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Покушевски скрши нога, го чека подолга пауза

Покушевски скрши нога, го чека подолга пауза

Повредата што ја заработи српскиот кошаркар Алексеј Покушевски на натпреварот против Сан Антонио, сепак е од посериозна природа и се очекува првотимецот на Оклахома долго да отсуствува.

Имено српскиот репрезентативец се здобил со скршеница на ногата и се очекува да отсуствува меѓу шест и осум недели.

Покушевски имаше солиден почеток на сезоната, бидејќи имаше просек од 8,8 поени, 5,1 скока и две асистенции и беше еден од најважните играчи во Оклахома.

Српскиот кошаркар сезонава одигра 31 натпревар во дресот на Оклахома, а на 25 од нив се најде во стартната петорка.