четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пол Џорџ ќе паузира три недели

Пол Џорџ ќе паузира три недели

Пол Џорџ доби релативно добри наоди по доживеана повреда на дуелот против Оклахома Сити Тандер.

Првичните прогнози беа дека тој нема да заигра повеќе оваа сезона, но излезе дека станува збор само за истегнување на коленото поради што ќе паузира 2-3 недели.

Точно толку има до крајот на основниот дел од сезоната во НБА, па се очекува Џорџ да биде подготвен за плејофот.

На девет натпревари пред крајот на сезоната, Клиперс се на петтата позиција во Источната конференција, но разликата со седмопласираната Оклахома изнесува само две победи со тоа што екипата од Лос Анџелес има и меч повеќе. .