среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пол: Ентони е неправедно критикуван

Пол: Ентони е неправедно критикуван

Кошаркарот на Хјустон рокитс, Крис Пол, изјави дека неговиот нов соиграч Кармело Ентони во изминатиов период е неправедно критикуван.

– Можеби сум малку субјективен, бидејќи станува збор за еден од моите најблиски пријатели, но кон него се пројавува исклучително многу непочитување. Тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња и треба да почнеме да функционираме како тим, истакна Пол.

Според него на Ентони му е потребно време да се вклопи во тимот, а ова мислење го дели и директорот на Рокитс, Дерил Мори.

Новата сезона во НБА лигата почнува на 16 октомври.