вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пол стана петти асистент на вечната листа во плејофот на НБА-лигата

Пол стана петти асистент на вечната листа во плејофот на НБА-лигата

Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол се искачи на петтата позиција по број на асистенции во историјата на плејофот во НБА-лигата.

Пол на натпреварот со Далас маверикс одигран рано утрово забележа три асистенции и го надмина легендарниот Тони Паркер кој своевремено настапуваше за Сан Антонио.

Феиникс го доби натпреварот со 121:114 и поведе со 1:0 во серијата, а Пол стигна до 1.144 асистенција во кариерата.

Пред 36-годишниот плејмејкер на листата најуспешни асистенти во НБА се наоѓаат: Меџик Џонсон (2.346), Леброн Џејмс (1.919), Џон Стоктон (1.839) и Џејсон Кид (1.263).  (МИА)