сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Поради повреда Дејвис ќе пропушти еден месец

Поради повреда Дејвис ќе пропушти еден месец

Главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Френк Вогел, соопшти дека Ентони Дејвис ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на Ахиловата тетива.

-Ентони ќе пропушти четири недели. Лекарите сакаат да бидат сигурни дека тој целосно ќе се опорави од повредата, изјави Вогел.

Дејвис го напушти теренот на мечот од регуларната сезона во НБА против Денвер (105:122) на 14 февруари по судирот со противничкиот кошаркар Никола Јокиќ.

Во сезоната 2020/21, Дејвис бележи просек од 22,5 поени, 8,4 скока и 1,8 блокада по натпревар. (МИА)