четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познат терминот во кој Пелистер ќе се бори за полуфинале во АБА 2 лигата

Познат терминот во кој Пелистер ќе се бори за полуфинале во АБА 2 лигата

Македонскиот кошаркарски вицешампион Пелистер веќе оствари историски успех со пласманот на завршниот турнир од АБА 2 лигата, но идната недела во Домжале ќе се обиде да го подобри тој резултат, па дури и да се пласира во елитната дивизија.

Веќе е познат распоред на натпреварите, на турнирот што ќе се одржи од 12 до 16 април. Пелистер ќе игра со домаќинот Хелиос кој основниот дел од сезоната го заврши на челната позиција и е најголем фаворит за трофејот иако ќе има голема конкуренција во словенечкиот ривал Крка.

Дуелот меѓу Пелистер и Хелиос ќе се игра на 12 април од 18 часот и тоа ќе биде трет натпревар од четвртфиналната програма тој ден. Победникот од дуелот меѓу Хелиос и Пелистер, во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од босанската пресметка меѓу Борац и Широки.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
СРЕДА – 12. АПРИЛ
Подгорица – Златибор 12:00
Крка – Сутјеска 15:00
Хелиос – Пелистер 18:00
Борац – Широки 21:00