четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познати групите за наредната натпреварувачка сезона во БИБЛ лигата

Познати групите за наредната натпреварувачка сезона во БИБЛ лигата

Во седиштето на БИБЛ лигата во Софија денес се одржа ќдрепката за натпреварите од групната фаза во ова натпреварување. Македонија ќе има три претставници, бидејќи Куманово, ТФТ Скопје и Академија ФМП ќе се натпреваруваат со екипите од регионот.

Во новата сезона на БИБЛ ќе има десет екипи, поделени во две групи. Среќата посака дебитантот ТФТ да ги избегне нашите претставници, а Куманово и ФМП се најдоа во истата група.

  • Групите за новата сезона во БИБЛ лигата:

Група А: Хапоел Галил Гилбоа, Балкан, Куманово 2009, ФМП Академија, Пеќ
Група Б: Ирони Нахарија, Академик Пловдив, ТФТ, Берое, Сигал Приштина

На лигата можеби ќе и се приклучат уште две екипи, во по една од групите. Земји кои аплицираа за место во БИБЛ се Романија и Црна Гора, па останува да видиме дали ќе има промени.

Стартот на новата сезона е планиран за 12 октомври.