Дваесет кошаркарски клубови од четиринаесет земји беа поделени во две групи за новата сезона на Еврокупот.
Во групата А се најдоа: Хувентуд, Цедевита Олимпија, Венеција, Бурсаспор, Лијеткабелис, Бург, Улм, Бреша, Клуж и Прометеј. Групата Б ја сочинуваат Хапоел Тел Авив, Гран Канарија, Будуќност, Тренто, Турк Телеком, Промитеас, Париз, Хамбург, Сласк и Лондон.
Покрај четиринаесетте екипи кои минатата сезона се натпреваруваа во Еврокупот и Бреша, која се враќа по едногодишно отсуство, пет екипи за првпат ќе играат во ова натпреварување – Хапоел Тел Авив, Париз, Лондон, Прометеј и Клуж.
Осумте најдобри екипи од двете групи ќе се пласираат во осминафиналето. Од осминафиналето до финалето ќе одлучува еден натпревар, а шампионот во Еврокупот ќе се пласира во Евролигата за сезоната 2023/24.