среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познати термините во кои ќе играат Работнички и Феникс 2010 во ФИБА Европа купот

Познати термините во кои ќе играат Работнички и Феникс 2010 во ФИБА Европа купот

Во периодот од 2 до 5 октомври 2023 година ќе се играат квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Европа куп.

Македонија ќе ја претставуваат Работнички и Феникс 2010 кои ги дознаа распоредот и термините за натпреварите.

Работнички ќе биде организатор на турнирот во кој ќе настапат уште Донар Гронинген од Холандија, потоа романскиот Рапид Букурешт и Сахах од Азербејџан на чија клупа е нашиот тренер Боби Митев. Феникс 2010 ќе игра во Кипар каде учествуваат и домаќинот Керавнос и Рошток од Германија.

Пласман во групната фаза на ФИБА Европа купот ќе обезбедат првопласираните екипи.

Распоред на натпревари
ФИБА Европа куп, квалификации

Група „А“
2 октомври 2023
17.30 часот Донар Гронинген – Сабах
20.30 часот Работнички – Рапид Букурешт

3 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Донар Гронинген
20.30 часот Сабах – Работнички

5 октомври 2023
17.30 часот Рапид Букурешт – Сабах
20.30 часот Донар Гронинген – Работнички

Група „Е“

3 октомври Керавнос – Феникс 2010 (19.00 часот)
4 октомври Феникс 2010 – Рошток (19.00 часот)
5 октомври Рошток – Керавнос (19.00 часот)