Новиот кошаркар на Барселона Томаш Саторански се повреди на последниот настап против Германија. Грижа за Чесите, кои ќе бидат дел од претстојното Европско првенство.
Не се работи за скршеница на скочниот зглоб, меѓутоа 30-годишникот порано го напушти мечот. Засега нема потврда за сериозноста на повредата, по што ќе се знае дали тој ќе може да помогне на континенталниот собир.
Чешката репрезентација ќе игра во Групата Д заедно со Србија, Полска, Финска, Израел и Холандија.