Нашата најдобра машка кошаркарска репрезентација продолжува со своите тренинзи во пресрет на преддолимписокиот турнир во Талин. Се работи нормално, но сепак селекторот Александар Јончевски се соочува со сериозни проблеми.
Имено поради повреда,мини – фрактура, отпадна Виктор Ефремовски. Кошаркарот на Гостивар ќе мора да паузира најмалку еден месец, што значи дека веќе на него не може да се смета.
Инаку и тоа како “виси“ настапот на Љубомир Младеновски, кој пак се жали на болка во пределот на грбот. Допрва следуваат деталните лекарски прегледи и по нив ќе се знае дали кошаркарот на МЗТ Скопје и натаму ќе биде дел од селекцијата.