недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Проблеми за Србија пред Мундобаскетот: Капитенот Лучиќ во „аут“ поради повреда

Проблеми за Србија пред Мундобаскетот: Капитенот Лучиќ во „аут“ поради повреда

Српската кошаркарска репрезентација се соочува со сериозни проблеми пред Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Стартот на Мундобаскетот е закажан за 25 август, но се чини дека капитенот на  оваа селекција Владимир Лучиќ нема да може да им помогне на своите соиграчи.

Кошаркарот се здоби со сериозна повреда на левата рака и ќе мора да биде подложен на операционен зафат, кој ќе го оддалечи од кошаркарските терени подолго време.

Од германскиот клуб Баерн Минхен каде настапува овој кошаркар  велат дека повредата во прв момент не изгледала многу сериозно, но по консултација со стручните лица и медицинскиот тим, била донесена заедничка одлука дека играчот ќе мора да замине на операција.

Повредата Лучиќ ја заработил на натпреварот против Бамберг пред три недели.

.