Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Швајцарија со резултат 64:57 на Европското првенство Б-дивизија за девојчиња до 16 години..
Решавачка за конечниот исход беше подобрата игра на избраничките на селекторот Горан Даниловски во третата четвртина во натпреварот за пласман од 17. до 19. место на шампионатот.
Милица Николиќ со дабл-дабл од 16 поени и 13 скока, го предводеше македонскиот национален тим до посакуваната победа, во која свој придонес дадоа и Ана Ангеловска со 15 поени, Бојана Николиќ која имаше 12, како и Зара Стојковска која постигна 10 поени.
По два дена одмор, в недела, од 12 часот, македонската селекција ќе го игра и вториот натпревар од новоформираната група „Е“, а противник ќе и биде селекцијата на Луксембург.