понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Прво место во групата ја носи Македонија и во олимписки претквалификации

Прво место во групата ја носи Македонија и во олимписки претквалификации

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има дополнителен мотив да ја задржа првата позиција во својата група од претквалификациите за Европското првенство.

Според новиот систем на ФИБА, освен во главните квалификации за континенталниот шампионат, тоа автоматски го носи нашиот национален тим и во претквалификации за Олимписките игри во 2024 година.

Во нив, од нашето сегашно друштво, ќе се пласираат трите првопласирани репрезентации од групите, плус Кипар кој автоматски оди во следната фаза како ко-домаќин на следното Европско првенство.

Таму ќе се приклучат и 12. репрезентации кои преку европските квалификации нема да успеат да се пласираат на Светското првенство и уште 24 од остатокот на светот.

Со тоа им се отвора шанса за поправен на некои елитни репрезентации кои се далеку од пласман на Мундобаскетот, како Турција која само чудо може да ја однесе на планетарниот шампионат.