Нашите претставници во квалификациите на ФИБА Еврокупот, Работнички и Феникс 2010 ги дознаа противниците за пласман во групната фаза на ова натпреварување.
Работнички својата битка за пласман во главната рунда ќе ја има на домашен терен откако овој клуб ја доби организацијата за групата – А. На мечевите во Скопје, ривали ќе му бидат екипите на Донар Гронинген, Рапид Букурешт и Сабах.
Тимот на Феникс 2010 својот пат до групната фаза ќе ги води на Кипар, во Никозија каде за противници ќе ги има домаќинот Керавнос и Рошток.