Кошаркарскиот клуб Работнички започна да игра во силен ритам и преку Куманово (119-83)и ја забележа четвртата победа по ред на домашната сцена со која фати приклучок во горнилт дел на табелата во Првата лига.
По влегувањето на новите спонзори и финансиите, се донесоа нови играчи, а тоа е евидентно во играта на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
Форте беше одличен кај Работнички, флертуваше со „трипл-дабл“ – 26 поени, десет скока и девет асистенции, по него следеа Џексон и Малешевиќ кои дадоа по 19 поени на своето конто. Кај Куманово се истакна Ален со 29 поени, а Јанески даде 19 поени.
Работнички пред Куманово ги совлада Академија ФМП, ТФТ и Струмица и со скор 4-4 е на четвртото место на табелата во прволигашкото друштво. Куманово го доживеа шестиот пораз и остана на две победи.