четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички подобар од Пелистер во дербито на македонскиот шампионат

Работнички подобар од Пелистер во дербито на македонскиот шампионат

Работнички во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига во салата „Боро Чурлевски“ во Битола славеше против Пелистер на гостински терен (92:89) на дебито на Дарко Радуловиќ како предводник на „зелено-белите“.

Прв стрелец во победничките редови беше Хрватот Рикиќ со 18 поени (седум скокови), а на спротивната страна Американецот Бернард реализираше 27 поени (10 скокови, седум асистенции). Охрид го надигра составот на ФМП Академија со 82:66 а ТФТ беше подобар од Чаир 2030.