Работнички стави крај на серијата порази во новата 2023-та година, па така по три неуспеси во низа, денеска го отвори 15-то саботно коло со триумф над Гостивар.
„Центарци“ делуваа разиграно на домашен терен и не му дадоа никакви шанси на противникот, кој одново покажа дека добри резултати извлекува само кога игра пред своите гледачи во Гостивар.
На гостински терен, работите за Гостивар се далеку покомплицирани и посложени, а најдобра отслика за тоа е денешниот резултат изразен со резултат 98:63.
Во уверливото издание, најефикасен кај Работнички беше Форте со 27 поени, Малешевиќ постигна 18, а Џексон еден помалку.
На останатите два одиграни меча денеска, Пелистер славеше како гостин во Струмица со резултат 77:101, додека ТФТ исто победи како гостин кај Еуро Никел со 69:73.