Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ договори нов ангажман и од денеска е именуван за нов тренер на унгарскиот прволигаш Хубнер Њиреѓхаза.
Радуловиќ во ова средина доаѓа по епизодата во Башкими од Косово, а со својата работа ќе започне од понеделник.
-Неколку фактори помогнаа да ја донесам одлуката. Искрениот интерес на управата беше импресивен, имаме многу слични ставови за тоа како треба да се игра кошарка. Ми се допадна и тоа што ова е млад тим со голем потенцијал. Тоа што тимот мора да остане во првата лига е посебна мотивација! Затоа сум тука, затоа ќе работиме, -порача Радуловиќ кој ќе има задача да избори опстанок со популарните „блу шаркс“ кои се на последното место на табелата со 10 порази.