четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рајковиќ во комбинација за тренерското место во ЦСКА и Зенит

Рајковиќ во комбинација за тренерското место во ЦСКА и Зенит

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ, следната сезона може да стане предводник на руските кошаркарски гиганти ЦСКА Москва или Зенит, објавија тамошните медиуми.

Според „Слободен агнет“ застапници на Рајковиќвеќе стапиле во контакт со раководствата на двата руски клуба.

Како што е објавено, Македонецот е подготвен да се врати во Русија, но само во еден од финалистите во тековната сезона на ВТБ лигата. Тој има можности да работи и во шампионатот на Шпанија и Италија.

Во сезоната 2021/22, Рајковиќ беше тренер на Автодор, клуб со кој оствари забележителни резултати и покрај скромниот буџет во споредба со ривалите од ВТБ-лигата.

Претходно, Рајковиќ беше тренер на Астана (2018-2021). На крајот од сезоната 2018/19, тој беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата.

Се шпекулира дека тренерите на ЦСКА и Зенит, Димитрис Итудис и Хавиер Пасквал, ќе ја напуштат Русија и ќе си бараат нов ангажман.