Расел Вестбрук доби дозвола од Јута Џез да преговара со други тимови. Вестбрук минатата недела беше разменет од Лос Анџелес Лејкерс во Џез, но нема намера да игра за Јута.
Тој сака да го раскине договорот и сам да избере нов тим, а за него се заинтересирани четири екипи. Како што пренесува „ЕСПН“ Вестбрук има понуди од Чикаго Булс, Мајами Хит, Лос Анџелес Клиперс и Вашингтон Визардс.
Поранешниот МВП на лигата, деветкратен Ол-стар, кој имаше четири трипл-дабл учиноци оваа сезона, мора да избере нов тим до 1. март, крајниот рок за играчите да се пријават за плеј-офот.