недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Раул Нето е нов кошаркар на Фенербахче

Раул Нето е нов кошаркар на Фенербахче

Бразилскиот плејмејкер Раул Нето и официјално стана играч на турскиот Фенербахче.

Извесно е дека тој ќе биде еден од големите адути на тимот кој од клупата го предводи Димитрис Итудис а еден од главните играчи е српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ.

Турскиот клуб летово на позицијата број еден го доведе и Јам Мадар од Партизан.Покрај Мадар и Нето, Фенербахче летово се засили и со Санли од Барселона, Папајанис од Панатинаикос и Нејт Сестин од Турк Телеком.