среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Рики Рубио ќе го пропушти стартот на новата НБА сезона

Рики Рубио ќе го пропушти стартот на новата НБА сезона

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се уште не се вратил на кошарката откако одлучи да паузира летово за да се фокусира на своето ментално здравје.

Рубио не се појави на стартот од тренинг кампот на Кливленд Кавалирс, но клубот верува дека моментот ќе дојде.

За тоа зборуваше и претседателот на Кливленд, Коби Алтман, кој потврди дека Рубио има дозвола од клубот да отсуствува.

„Ние целосно го поддржуваме Рубио и неговите напори. Сега е најдобро што тој не е со тимот, тој има наша дозвола да не присуствува на тренинзите. Ние сме во постојан контакт и ќе продолжиме да го поддржуваме на секој можен начин. Нашата организација му посакува на Рубио и неговото семејство се најдобро“, рече Алтман.