вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Робев: Ја симнавме Норвешка под 40 поени

Робев: Ја симнавме Норвешка под 40 поени

Дамјан Робев ја пофали играта на новиот македонски репрезентативец Шортс и истакна дека добрата подготовка беше одлучувачка за убедливата победа над Норвешка, во третото коло од претквалификациите за следното Европско првенство. Скандинавската селекција се загуби во одличната атмосфера во Гевгелија и со 58-36 го забележа првиот пораз во групата Д.

„Имавме доволно време за подготовка. Ростерот е ист, плус Шортс, кој одлично се вклопи. Одигравме на високо ниво, ја симнавме Норвешка под 40 поени, што мислам дека не се случува така често. Успеавме да ги сопреме во нивната транзиција. Но, ништо не е завршено, имаме уште три натпревари и верувам дека ќе играме на ова ниво“. изјави Робев