четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Роко Лени Укиќ се врати во матичниот Сплит и ќе игра – бесплатно!

Роко Лени Укиќ се врати во матичниот Сплит и ќе игра – бесплатно!

Некогашниот хрватски НБА-кошаркар, Роко Лени Укиќ, уште не заминува во пензија, откако на 37-годишна возраст реши да се врати во матичниот Сплит каде што ќе игра само од љубов кон клубот односно – бесплатно.

Тој во кариерата настапуваше за Торонто, Милвоки, Барселона, Лотоматика и многу други европски тимови. Минатата сезона го носеше дресот на Цедевита Олимпија и во АБА-лигата просечно реализираше 10,4 поени и 3,4 асистенции, а дебито за сплиќани се очекува да го има против Морнар, точно на својот 38. роденден.