Капитенот на шпанската кошаркарска репрезентација Руди Фернандез има 37 години, но и понатаму покажа дека е од голема помош за својот тим.Асот на Реал Мадрид одигра клучна улога на Евробаскетот. Шпанците низ тотална доминација славеа во финалето против Франција со 12 поени разлика, демантирајќи ги сите оние кои воопшто не веруваа во нив од почетокот на шампионатот.
По големата победа, Руди даде краток коментар за исходот од финалето.
„Ништо не е случајно, оваа победа и титула се заслужени. Морам едно да кажам … Гордост е да бидете дел од тим со многу млади играчи, оваа генерација ќе се помни уште долго“, потенцираше Руди.