четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Русите очекуваат полна сала за натпреварот со македонската репрезентација

Русите очекуваат полна сала за натпреварот со македонската репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари гостува во Перм каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. Домаќините очекуваат голема поддршка од трибините.

-Очекуваме полна сала за дуелот со Северна Македонија во Перм. Веќе трета година сме домаќини на националниот тим. Нашата репрезентација победи во претходните двапати, дај боже и овој пат да биде така. Градот живее за кошарката, изјави министерот за физичка култура и спорт на територијата на Перм, Владимир Епанов.

Средбата ќе се одржи во салата УДС „Хамер“ која е со капацитет од 7.000 гледачи.