Кајри Ирвинг нема да биде дел од тимот на Бруклин следната сезона. Ѕвездата побарал да биде трејдуван и на Нетс им доставил листа на потенцијални тимови.
Наводно само еден тим досега покажал сериозен интерес да го ангажира Ирвинг, а тоа е Лос Анџелес лејкерс. Можно е повторно да се обединат Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг од времето кога играа во Кливленд.
Лејкерс веројатно ќе размислуваат за трејд на Расел Вестбрук, кој воедно е најплатениот играч во нивниот ростер.