Третиот пик на НБА драфтот во 2015 година, Џахил Окафор кариерата ќе ја продолжи во Шпанија каде ќе го носи дресот на Сарагоса, потврди овој тим.
За 27-годишниот кој потпиша едногодишен договор тоа ќе биде прво европско искуство откако во минатото покрај НБА лигата каде настапуваше за Филаделфија, Бруклин, Њу Орлеанс и Детроит броеше и настапи во Кина и Мексико.