Авионот со играчите и стручниот штаб поради дефект на едно од тркалата при слетувањето го зафатил пожар, но со една прибрана реакција на пилотот избегнати се поголеми последици.
Интересно е дека играчите на Жалгирис не забележале ништо чудно, а за инцидентот дознале дури откако го напуштиле леталото.
-Кога ги земавме коферите ни кажаа што се случувало. Летот беше нормален, се беше вообичаено. Сепак не ни беше сеедно кога слушнавме дека сме биле во опасност, рече тренерот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.
Инаку Жалгирис има сопствен авион на користење. Првиот од двата меча во оваа четвртфинална серија е вечерва од 20.15 часот.