среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Седумката на Кил Бил заминува во историјата

Седумката на Кил Бил заминува во историјата

Грчкиот кошаркарски великан Василис Спанулис ќе добие голема чест од Олимпијакос, затоа што неговиот број од времето на тимот од Пиреја ќе се повлече.

Популарниот Кил Бил на дресот го носеше бројот седум. Се најавува дека на 17 септември оваа година ќе се изврши церемонија на кој седумката на Спанулис ќе биде повлечена и ставена во горниот дел од салата.

Бројот на Спанулис е првиот кој Олимпијакос го повлекува. Шутерот играше за грчкиот гигант од 2010 до 2021 година, а заедно со Перо Антиќ ја освоија Евролигата.