петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Сем Касел се сели во стручниот штаб на Бостон

Сем Касел се сели во стручниот штаб на Бостон

Трофејниот поранешен американски кошаркар Сем Касел (53) се согласи да биде дел од стручниот штаб на НБА лигашот Бостон, кој и во следната сезона ќе го предводи Џое Мазула.

Касел одигра 15 НБА сезони во својата кошаркарска кариера и освои три шампионски титули, две со Хјустон (1994 и 1995) и една со Бостон (2008).

Последните девет години ги мина како помошник на Док Риверс, од 2014 до 2020 во ЛА Клиперс, и од 2020 до 2023 во Филаделфија.

Касел претходно беше помошник тренер во Вашингтон од 2009 до 2014 година.  (МИА)