среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Сениорките ќе ги дознаат противниците за квалификациите за ЕП 2025 од осмиот шешир

Сениорките ќе ги дознаат противниците за квалификациите за ЕП 2025 од осмиот шешир

Женската сениорска кошаркарска репрезентација ќе ја започне борбата за пласман на континенталниот собир, закажан за 2025 година, во претстојниот ноември.

Натпреварите се закажани за на 9. ноември и на 12. ноември, во рамки на првиот квалификациски прозорец, а противниците ќе ги дознаеме идниот вторник.

ФИБА го закажа одредувањето на квалификациските групи и ги објави шеширите од кои ќе бидат извлечени. Нашата репрезентација ќе ги чека противниците заедно со Ирска, Австрија и Азербејцан, екипи со кои е сместена во осмиот шешир. Ждребот е закажан за 19. септември, со почеток во 14:00 часот.