Германија со 107-96 ја победи Грција и закажа полуфинале со селекцијата на Шпанија.
Грција е уште еден од фаворитите на Евробаскетот кој пред полуфиналето се елиминирани. Ова Европско првенство покажа дека и во кошарката веќе нема јасни фаворити.
Германија добро го почна мечот, имаше водство во текот на целата прва четвртина, но во вториот период Грција направи пресврт и на одморот замина со четири поени предност 61-57.
И во овој меч клучна беше третата четвртина во која Грците постигнаа само 10 поени, а Германија 26, па во последниот период влегоа со водство од 83-81 кое го одржаа до крајот и славеа убедлива победа од 107-96.
Најдобар во германската селекција беше Шрудер со 26 поени, Обст и Вагнер постигнаа по 19. Кај Грција убедливо најдобар беше Јанис Адетокумбо со 31 поен.
Германија во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Шпанија.