среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Серџо Скариоло го одбра тимот за Мундобаскетот

Серџо Скариоло го одбра тимот за Мундобаскетот

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серхио Скариоло го објави списокот од 12 играчи кои ќе учествуваат на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Искусниот стратег реши од списокот да ги изостави Алберто Абалде, Себастијан Саис и Хамес Прадиља.Серхио Љуљ, Руди Фернандез и Виктор Клавер ќе го предводат составот на Шпанија која е бранител на тронот на Мундијалот, а во групната фаза ќе игра против Иран, Бразил и Брегот на Слонова коска.

Список Шпанија: Алберто Дијаз, Хуан Нунес, Серхио Љуљ, Дарио Брисуела, Руди Фернандес, Алекс Абринес, Виктор Клавер, Џоел Пара, Хуанчо Ернангомез, Санти Алдама, Вили Хернангомез, Усман Гаруба.