Серхио Родригез од следната сезона повторно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. „Мундо Депортиво“ пренесува дека искусниот плејмејкер по шест години повторно ќе игра во Шпанија.
Претходните три години Чачо Родригез го носеше дресот на тимот на Армани Милано, каде во сезоната зад нас имаше просек од 8,3 поени и 4,4 скока на натпреварите во Евролигата.
За шест години, колку што го носеше дресот на „кралскиот клуб“, Родригез ја освои Евролигата, беше прогласен за МВП на најсилното европско натпреварување и беше избран во идеалната петорка.