петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шампионот без одговор против Феникс Санс

Шампионот без одговор против Феникс Санс

Кошаркарите на Феникс Санс на својот паркет ги совладаа актуелниот шампион во НБА лигата Лос Анџелес Лејкерс со 99:90 во првиот меч од серијата до четири победи во првиот круг од плејофот во Западната конференција.

Лејкерс водеа само на почетокот од натпреварот и одржуваа мала предност до половината на првата четвртина.

Феникс, откако првпат дојде до предност, до крајот веќе не го испушти водството а најголемата разлика од „плус 16“ Санс ја остварија на почетокот од последната делница.

Најдобар играч на мечот беше Девин Букер со 34 коша, 8 асистенции и 7 скокови, а одлично му асистираше Деандре Ентони со 21 поен со само едно промашување од игра и со 16 скокови. По десет кошеви за Санс додадоа Микал Бриџес и Камерон Џонсон.

Леброн Џејмс со 18 коша, 10 асистенции и 7 скокови беше најдобар во редовите на актуелните прваци. За Лејкерс 14 поени додаде Денис Шредер, а Ентони Дејвис постигна 13 коша со 7 скокови и 3 блокади. Андред Драмонд дуелот го заврши со 12 поени и 9 скокови.

Вториот натпревар на распоредот е ноќта кон средата во 4 часот по средноевропско време, а повторно ќе се игра во „Феникс Санс Арена“.