Кошаркарот на актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, Шејн Ларкин и покрај големите понуди на НБА тимовите и официјално ќе остане во турскиот кошаркарски гигант.
Новиот договор на Ларкин е со важност од две години со што ќе остане во екипата каде во последните две сезони на два пати ја освојуваше кошаркарската Евролига.
Сеуште не знае дали Василије Мициќ ќе остане, како и тренерот Атаман.