недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Шек има свој фаворит за МВП наградата

Шек има свој фаворит за МВП наградата

Оваа година има доста голема дебата за тој кој заслужува да биде прогласен за најкорисен играч во НБА лигата со тоа што има неколку имиња кои дефинитивно се во прв план и од кои може да се бара МВП.

Тука е актуелниот освојувач на таа награда Никола Јокиќ од Денвер, потоа Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс и асот на Филаделфија, Џоел Ембид. Шекил O’Нил е еден од играчите кој добро знае како е да се освои, стигне до ова признание, па поради тоа и се што има направено низ кариерата неговиот збор, став има посебно значење, тежина.

Според Шек оваа сезона најдобар е Камерунецот, Ембид кој во дресот на Филаделфија има просечни бројки од 33,3 поени, 10,2 скокови и 4,2 асистенции.

-Тој е навистина импресивен, ама проблемот е нејасниот критериум, дали се гледаат победите или само статистиката? Морате да ги земете во предвид Јанис и Милвоки, тие се на прво место, исто така и Денвер. Се надевам Ембид ќе победи, таа партија ја зацврсти мојата одлука (против Јута 52 поени и 13 скокови). Судејќи по новите правила, не сум сигурен, -истакна О’Нил.