сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Шекил О`Нил заврши во болница! (ВИДЕО)

Шекил О`Нил заврши во болница! (ВИДЕО)

Легендарниот НБА-кошаркар Шекил О’Нил заврши во болница откако падна на масата која стоеше покрај рингот откако синоќа дебитираше како кечер.

За поранешниот центар на Лос Анџелес Лејкерс ова беше прв настап, па беше одличен на борбата која се одигра според претходно договорено сценарио.

Во текот на борбата на парови незгодниот ривал Коди Роудс го исфрли Шек, двајцата паднаа врз голема маса и столови кои стоеја околу рингот.

Шек не стана веднаш, и коментаторите забележаа дека станува збор за нешто сериозно, а информациите велат дека екс ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа неколку повреди кои заврши во болница на прегледи.